САД и Кина заедно ќе работат за завршување на војната во Украина

Вашингтон и Пекинг ќе соработуваат за да се заврши војната на Русија во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по денешната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, јави ДПА.
-Долго време разговаравме за тоа и двајцата ќе соработуваме за да видиме дали можеме да постигнеме нешто – им рече Трамп на новинарите на летот назад кон Вашингтон.
Според Трамп, двајцата лидери се согласиле дека Русија и Украина се „заглавени“ во ќор-сокак.
-Но, тој ќе ни помогне и ние ќе соработуваме за Украина“, рече тој, имајќи го предвид кинескиот претседател – пренесе ДПА.
Пред состанокот, имаше шпекулации дека Трамп ќе ја повика Кина да го запре или намали увозот на нафта од Русија, клучен извор на приходи за воените напори на Москва. Но, Трамп рече дека прашањето за руската нафта не било дел од дискусиите, пренесе германската атенција.
Вашингтон долго време се обидува да ги намали приходите од нафта и енергија што помогнаа во финансирањето на руската воена машинерија, надевајќи се дека ќе ја принуди Москва да ја преиспита својата стратегија.
МИА
Ново на Сител
-

Втор круг од локалните избори, се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје
-

Претпладне магливо, попладне сончево
-

Локални избори 2025, вести во 08:00 на Сител Телевизија
-

И жена приведена и обвинета за грабежот на накит во Лувр
-

Зеленски ѝ наложи на владата да подготви пакет мерки за помош на граѓаните за претстојната зима
-

ДИК: До 20:00 часот гласале 3.327 од вкупно пријавените 4.826 болни или немоќни лица
-

Мирно и без инциденти на комеморативниот собир во Нови Сад
-

Црногорската полиција уапси двајца Азербејџанци за инцидентот што предизвика насилства низ земјата
