САД и ЕУ загрижени поради „проблематичните и еднострани акции“ на Кина
– САД и Европската унија денеска изразија силна загриженост поради „проблематичните и еднострани акции“ на Кина во Јужно и во Источно Кинеско Море, како и во Тајванското Море.
Заедничката изјава уследи по разговорите во Вашингтон, кои ги водеа американскиот заменик државен секретар Венди Шерман и европскиот државен секретар за надворешни работи Стефано Санино.
Шерман и Санино копретседаваа со вториот дијалог САД-ЕУ за Кина и консултациите на високо ниво за Индо-Пацификот.
Европската комисија пред два дена ја објави новата европска инвестициска стратегија Глобална порта, (Global Gateway), која ќе финансира проекти од областа на зелената и дигиталната транзиција, енергетската и транспортната инфраструктура, како и зајакнување на областите на здравството, образованието и истражувањето.
Планирано е Глобална порта да мобилизира до 300 милијарди евра за европски инвестиции во светот до 2027 година.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти