Loading Video...
Свет
24. January 2021 - 17:02

САД и ЕУ ја осудија употребата на полициска сила на проетстите во Русија

Над 3500 демонстранти се уапсени на вчерашните протести низ Русија за поддршка на уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални. Ослободени се малолетниците  и сопругата на Навални. САД и ЕУ излегоа со осуда за  употребата на полициска сила врз демонстрантите и бараат  ослободување на сите притворени демонстранти ,но и на Навални. Повеќе земји членки и Европскиот парламент бараат и воведување нови санкции против Русија, но за тоа е потребна едногласна одлука од сите 27 членки. Најжестоко беше на протестите во Москва и Санкт Петербург

Денес потешко е да се набави антиковид вакцина отколку нукеларно оружје, истакна српскиот претсдеател. Тешко оди деновиве да се набават нови количества вакцини вели Вучич. Досега набавивме 1 500 000 дози и ке се трудам да договорам уште нагласи Вучиќ.Очекувањата на Вучиќ се  денеска да бидат вакцинирани 50.000 луѓе и со тоа  Србија утре да биде трета во Европа по бројот на вакцинирани на 100.000 жители.

 Спасувачите во  Кина извлекоа живи 11 рудари од рудник  за злато, откако 14 дена останаа заробени од подземна експлозиија .Еден од спасените е во лоша здраветвсна состојба објави кинеската државна теелвизија. Тие се наоѓале во дел од рудникот што е на 600 метри под површината.  Десет рудари се уште се водат за исчезнати  .