Македонија
24. September 2021 - 16:43

САД и Естонија со помош за дигитализацијата на институциите како успешна алатка за борба со корупцијата

Не можете да подмитите компјутер. Преку дигитализација на институциите, Македонија ќе се бори против корупцијата и ќе ги зајакнува европските стандарди. Земјава ќе го применува рецептот на една од најмалку корумпираните земји во светот Естонија во борбата против оваа општествена појава.

Како предводници во дигитализацијата во светки рамки, естонските експерти ќе соработуваат со македонските колеги со една цел – искоренување на шалтерскиот систем на работа кој ќе доведе до доверба на граѓаните во државата.

Освен давањето услуги на граѓаните, оваа соработка ќе генерира позитивни ефекти во широк спектар на области, смета американската амбасадорка во земјава.

Проектот за унапредување на дигитализацијата го координира Секретаријатот за европски прашање, а е финансиран од САД со 250 илјади и од Естонија со 100 илјади долари.