САД го поздравуваат усвојувањето на Резолуцијата за геноцид во Сребреница
Стејт департментот ја поздрави Резолуцијата за геноцид во Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора.
– Ставот на САД во врска со ова прашање е долготраен и непоколеблив. Тоа болно поглавје од европската историја никогаш не смее да биде негирано, ниту заборавено, нагласи портпарол на Стејт департментот, одговарајќи на прашање на Гласот на Америка за усвојувањето на Резолуцијата и смената на црногорскиот министер за правда Владимир Лепосавиќ.
Црногорското Собрание во четвртокот ја усвои Резолуцијата за геноцид во Сребреница, со поддршка на опозициската ДПС на Мило Ѓукановиќ.
Со Резолуцијата најостро се осудува „геноцидот во Сребреница“, се тврди дека „во геноцидот настрадале повеќе од 8.000 бошњачки цивили“, се забранува јавното негирање за постоење или намалување на „геноцидот во Сребреница“, а 11 јули се прогласува за Ден на сеќавање на жртвите во Сребреница.
Усвојувањето на Резолуцијата предизвика бурни реакции во регионот, особено во Србија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација