Loading Video...
Кошарка
7. September 2019 - 16:49

САД, Франција и Австралија во четвртфиналето на СП: Останува уште едно празно место

 
Репрезентациите на Франција, Австралија САД, обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското кошаркарско првенство што се одржува во Кина. 
 
Ова е епилогот по денешните натпревари во кои Франција  и Австралија славеа над Литванија и Доминиканската Република и ги обезбедија првите две места во Л групата, додека во К групата, Американците ја победија Грција (69-53) и се сигурно први, а Чешка славеше над Бразил (93-71), па сега остана само уште едно празно место за четвртфиналето. 
 
Кој ќе биде последниот четвртфиналист ќе се знае во понеделник по директен дуел меѓу Чешка и Грција. 
 
Од првата половина на осминафиналните групи, место во четвртфиналето веќе обезбедија: Аргентина, Полска (И група), Србија, Шпанија (Ј група).