САД: Европа нема повеќе да биде зависна од руската енергија
САД и ЕУ ги осудуваат уцените на Русија со помош на енергија и започнаа со оттргање на Европа од зависноста со руски гас и нафта, наведуваат денеска во заедничко соопштение Белата куќа и Европската комисија.
-Русија демонстрираше дека е несигурен партнер за енергетско снабдување на Европа и затоа се преземаат одлучни мерки да се намали зависноста од увоз на енергија од Русија, се вели во соопштението.
Се додава дека на овие предизвици се одговара со формирање заедничка оперативна група за енергетска безбедност која при крајот на март беше објавена од претседателот Џо Бајден и Урсула вон Дер Лејен, претседателка на ЕК.
Руската енергија е несигурна и треба да биде заменета со други решенија и технологии откако Москва неоправдано го запре снабдувањето се електрична енергија на Финска и го сопре протокот на природен гас за Полска и Бугарија, со закани за слична мерки против други европски земји, велат од Белата куќа.
-САД и ЕК го осудуваат тоа што Русија уценува со помош на енергија и ја реафирмираат заложбата за засилување на енергетската безбедност на Европа. Преку оперативната група ќе продолжиме да работиме на диверзификација на снабдувачката со природен гас во Европа а во меѓувреме ќе овозможиме употреба на енергетско ефективни и паметни технологии за домовите и бизнисите во Европа, електрифицирано греење, и зголемена чиста енергија за целосно намалување на побарувачката на јаглеродни горива.
Се наведуваат неколку такви напори од Скандинавија до Балканот каде во тек се изведуваат проекти за диверзификација на снабдувачката и намалување на зависноста од руски гас.
-Финска е меѓусебно поврзана со Естонија преку интерконекторот Балтиконектор, додека на 1 мај започна со употреба гасниот интерконектор Полска-Литванија, соопштија од Белата куќа.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација