-->
-->
САД донесоа шест авиони „Ф15“ во турската база Инџирлик
-->
Американската армија соопшти дека разместила шест борбени авиони „Ф-15“ во авиобазата Инџирлик во јужниот дел на Турција, како помош во заштитата на турскиот воздушен простор, пренесоа американските медиуми.
Американските авиони се донесени во базата, откако минатиот месец два руски воени авиона, што дејствуваа во Сирија, навлегоа во турскиот воздушен простор, предизвикувајќи протест од страна на Турција и нејзините сојузници од НАТО.
Европската команда на американската армија соопшти дека авионите се испратени во Инџирлик на барање на Турција за поддршка во обезбедувањето на нејзиниот воздушен простор. сд/ссм/17:21
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство