Свет
6. November 2015 - 20:35

САД донесоа шест авиони „Ф15“ во турската база Инџирлик

Американската армија соопшти дека разместила шест борбени авиони „Ф-15“ во авиобазата Инџирлик во јужниот дел на Турција, како помош во заштитата на турскиот воздушен простор, пренесоа американските медиуми.

Американските авиони се донесени во базата, откако минатиот месец два руски воени авиона, што дејствуваа во Сирија, навлегоа во турскиот воздушен простор, предизвикувајќи протест од страна на Турција и нејзините сојузници од НАТО.

Европската команда на американската армија соопшти дека авионите се испратени во Инџирлик на барање на Турција за поддршка во обезбедувањето на нејзиниот воздушен простор. сд/ссм/17:21