-->
-->
САД: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е историски чекор напред
-->
Амбасадите на САД во Скопје и во Софија преку заедничко соопштение го поздравија одобрувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.
- Договорот ги потврдува блиските врски меѓу Македонија и Бугарија и ја демонстрира добрата волја од страна на двете држави да ја засилат меѓусебната соработка во интерес на своите граѓани. Таквиот ангажман претставува охрабрувачки пример за решавање на спорните прашања меѓу соседите и за зацврстување на политичката стабилност и засилување на економскиот развој на Западен Балкан. Ние ги поздравуваме Македонија и Бугарија за овој историски чекор насочен кон иднината, се наведува во соопштението на амбасадите на САД во Скопје и во Софија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина