Саборот изгласа недоверба на премиерот Тихомир Орешковиќ
Хрватскиот Сабор денеска изгласа недоверба на премиерот Тихомир Орешковиќ, што дефинитивно значи пад на владата што беше формирана од ХДЗ на Томислав Карамарко и на Мост Божо Петров.
Орешковиќ во своето обраќање истакна дека права причина за соборување на неговиот кабинет е што поради заштита на националните интереси почнал да работи на решавање на спорот Ина-МОЛ со арбитража и отпочнал нови преговори, а тоа на некого не му одговарало.
- Не е тајна дека моите ставови околу Ина, ЛНГ и енергетскиот сектор важно се разликуваат од ставовите на некои членови на владата и дека цврсто ги бранев бидејќи длабоко сум свесен за важноста на Ина и за енергетскиот сектор што ја имаат за нашата економија и се борев да ги заштитам нашите витални интереси, посочи Орешковиќ.
Ново на Сител
-
МОН прави чистка во научно образовните установи – затворен уште еден институт од Скопје
-
Перински во Чаир: Владата стои зад општините
-
УГД ќе гради нова зграда за факултетот по медицински науки
-
Обучени волонтери ќе се вклучуваат во гаснење пожари
-
Карневалски подготовки во Струмица
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски