Руте: Македонија има постигнато повеќе од Албанија
Холандија е помалку загрижена за Македонија, а повеќе за Албанија, во однос на одлуката за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа есен, изјави холандскиот премиер Марк Руте. Тој синоќа во Берлин се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, но според протоколот од состанокот, проширувањето на ЕУ не било на агендата.
На заедничката прес- конференција со Меркел, Руте беше прашан за ставот на неговата земја на оваа тема. Вели дека во неговата и други членки на ЕУ постои голема загриженост околу Албанија, а помала околу Македонија, пренесува Дојче веле.
Во јуни годинава, холандскиот парламент веќе се изјасни против почеток на преговорите со Тирана, а претходно бараше и суспендирање на безвизниот режим со Албанија, а даде зелено светло за Скопје.
– Се прашуваме, колкав напредок е постигнат во Албанија, и поради тоа имаме повеќе загриженост. За ова ќе разговараме и со европските партнери во наредните недели затоа што навистина сме загрижени за обемот на напредокот што е постигнат. Македонија има постигнато повеќе од Албанија, но ќе разговораме за тоа, рече Руте.
Германската канцеларка Меркел не се изјасни за оваа тема, но Бундестагот минатата недела и даде зелено светло на владата за почеток на преговорите со ЕУ и за Македонија и за Албанија.
Освен Холандија, останува отворено прашањето за ставот на Франција во однос на одлуката која треба да се донесе на средината на месецов. Во Франција се чека претседателот Емануел Макрон лично да реши дали ќе даде зелено светло за двете балкански држави.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка