Македонија
20. February 2019 - 22:29

Рускоска: Побаравме притвор за Јанакиески и Ристовски поради опасност од бегство

По распитот во Кривичниот суд, за поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, обвинителката Вилма Рускоска  рече дека си заминал затоа што се повикал на пратеничкиот имунитет.

Исто така рече дека во врска со краткото соопштение кое го објавија врз основа на еден доказ дека никогаш, ниту наредба за истрага, ни обвинение се базира само на сведочење на еден орган или на еден сведок. Покрај сведочења на сведоци или на обвинети мора да има и други материјални докази што во конкретнот случај Обвинителството  ги поседува.

„Само што завршивме со преизнесувањето на осомничените за предложената мерка притвор“ рече обвинителката Рускоска и кажа дека се чека одлуката на судија во претходна постапка, по барањето на обвинителството за Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

На прашањето кои се основите за мерка притвор, Рускоска појасни дека опасност од бегство, влијание на сведоци и попречување на истрага се основите на Обвинителството.