Свет
28. January 2017 - 10:45

Рускиот центар за помирување во Сирија достави помош за 4.300 цивили во околината на Алепо

Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија соопшти денеска дека во изминатите 24 часа доставил хуманитарна помош за 4.300 цивили во шест области, кои се наоѓаат во околината на Алепо, јави ТАСС. 

- Во областите источно од Алепо, Центарот достави топли оброци до народните кујни и основни средства за цивилите. Доставени се 3.800 тони леб и околу 1.500 топли оброци. Вкупно 4.400 тони помош, се вели во соопштението. 

Руските специјалци за отстранување бомби ги истражуваат зградите, улиците и клучната инфраструктура во источно Алепо, со цел да ги отстранат експлозивните направи. 

- Во изминатите 24 часа руските специјалци отстраниле мини и неексплодирани бомби од 58 куќи и 15 километарски патишта. Од мини се исчистени вкупно 70 хектари, наведе Центарот.