Балкан
14. December 2015 - 8:40

Руски воени инспектори ќе извршуваат набљудувачки летови над Турција

Руски воени инспектори ќе извршуваат набљудувачки летови над територијата на Турција во рамки на Договорот за отворено небо, соопшти руското Министерство за одбрана.

- Во рамки на спроведување на меѓународниот Договор за отворено небо група руски инспектори планираат да извршуваат набљудуваки летови со руски авион „Ан-30Б“ на територијата на Турција. Набљудувачките летови ќе бидат извршувани во период меѓу 14 и 18 декември 2015 година од аеродромот Ерзурум со максимален дострел од 1.500 километри, изјави  началникот на националниот Центар за намалување на нуклеарната опасност, Сергеј Рижков. 

Според него летовите ќе бидат извршувани по маршрута, која ќе биде усогласена со Турција и во авионот ќе има и турски експерти, кои ќе го контролираат извршувањето на набљудувањето и ќе го следат почитувањето на договорот.