Свет
28. November 2015 - 12:10

Руски новинари гаѓани со американски ракети

На Интернет се појави видео-снимка на која се гледа моментот на нападот врз колона автомобили, во која се наоѓале новинари на „Раша тудеј“, во близина на турско-сириската граница, а кој покажува дека врз нив е пукано од оружје од американско производство, пренесе Танјуг, повикувајќи се на „Спутник“.

Снимката со логотип на една од организациите на сириската опозиција, потврдува дека врз новинарите е пукано од тежок противтенковски комплекс БГМ-71 ТОВ од американско производство, кој е испорачан на антивладини организации во Сирија, потврдија аналитичарот за безбедност Шарл Шубриџ и поранешниот аналитичар во канцеларијата на американскиот секретар за одбрана Мајкл Малуф.

Покрај местото, од кое, се претпоставува дека почнала стрелбата, сириската војска пронашла стартен мотор, кој како што наведуваат експертите, е дел од овие гранати.

Во автомобилот биле новинарите на „Раша тудеј“ Саргон Кадаја и Роман Косарев, како и новинарот на агенцијата ТАСС Александер Јелистратов.

Новинарите изјавиле дека биле нападнати во вторникот во близина на градот Сама, кој се наоѓа под контрола на Фронтот Ал Нусра и други екстремистички групи.