Свет
28. December 2016 - 8:28

Руски инженери деминирале речиси илјада хектари земјиште во ослободеното Алепо

Руски инженерски тим од Меѓународниот противмински центар во последните 24 часа деминирале експлозивни направи во четири училишта, девет џамии и една детска градинка во ослободените квартови во сирискиот град Алепо.

На тој начин од 5 декември досега е деминирана територија од речиси вкупно 966 хектари, соопшти Рускиот центар за примирје на спротивставените страни во Сирија.

Од експлозивни предмети веќе се прочистени околу 350 километри патишта и 2.149 згради, 44 училишта, 38 џамии, 10 болници и амбуланти, две детски градинки, три водоводни станици, две трафостаници и една фабрика за леб, се наведува во соопштението на рускиот центар.

Целосно се деактивирани околу 14,7 илјади експлозивни предмети, вклучувајќи и 6,7 илјади рачно изработени бомби.