Свет
12. August 2018 - 8:51

Руската војска урна дрон во близина на базата Хмејмим

Руската војска повторно урна дрон во близина на воздухопловната база Хмејмим во Сирија, кој е лансиран од подрачје контролирано од екстремистите, изјави директорот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, генерал-мајор Алексеј Циганков.

- Ноќта на 11 август руските радари во базата Хмејмим детектирале беспилотно летало лансирано од подрачјето на деескалација во Идлиб, истакна Циганков.

Тој додаде дека дронот е урнат на безбедна далечина, без да бидат предизвикани штети или да има повредени лица.