Свет
25. April 2018 - 8:50

Руската противвоздушна одбрана соборила „мали воздушни цели“ во Сирија

Руската противоздушна одбрана во базата Хмејмим во Сирија соборила неколку мали воздушни цели со непознато потекло, соопшти портпаролот на базата, додавајќи дека нема повредени ниту материјална штета.

- Доцна попладне на 24 април контролата на воздушниот простор на руската база  Хмејмим регистрира мали воздушни цели со непознато потекло во близина на аеродромот. Сите цели се соборени со системите за противвоздушна одбрана во базата, рече портпаролот на базата.

Тој додаде дека нема повредени, ниту дека е причинета материјална штета.

- Руската воздушна база Хмејмим работи вообичаено, додаде рускиот функционер