Свет
7. December 2017 - 18:22

Руската армија: Исполнета мисијата во Сирија, уништена Исламската држава

Рускиот генерал полковник Сергеј Рудској, задолжен во Генералштабот за операциите на трупите, денеска изјави дека руската армија ја исполнила мисијата во Сирија и дека ја победила Исламската држава.

Според Рудској, во Сирија веќе нема населено место под контрола на Исламската држава.

- Последната фаза во поразот на терористите беше следена од досега невидена употреба на руските воздушни сили. Руските војници распоредени во Сирија сега ќе се фокусираат на зачувување на прекинот на огнот и враќање на мирен живот, изјави Рудској за телевизискиот канал „Росија 24 ".