Русинки избегаа од болнички карантин во Русија
Две Русинки кои се наоѓале во болнички карантин во Русија поради сомнеж за инфекција со коронавирусот додека престојувале во Кина, изјавија дека избегале од болница поради некооперативниот однос на лекарите, лошите хигиенски и други услови во здравствената установа и поради страв дека тука ќе се заразат со новиот вирус.
Едната жена скокнала низ прозор за да избега од болничкиот карантин, а другата избегала откако го онеспособила електронскиот механизам на вратата од својата болничка соба.
Двете пациентки објаснуваат дека нивните болнички маки почнале по враќањето од провинцијата Хаинан, тропска област која е популарна меѓу руските туристи.
Голем број пациенти кои се наоѓаат во карантин во различни руски болници постојано се жалат на многу лошите услови во собите за изолација и недостаток на соработка со лекарите, кои не се запознати со правилата за карантин.
Протоколите за карантин низ Русија се различни. Некаде се изолираат кинески државјани кои неодамна се вратиле од Кина, а на други места сите кои ќе пријават симптоми слични на коронавирусот се ставаат во 14-дневен карантин.
Ново на Сител
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања