Русинката Соња (14) ја уби мечка кога одеше да купи чоколадо: Телото и било измасакрирано што и родениот татко не ја препознал
Жителите прво помислиле дека девојчето Соња Чернигова (14) ја убил волк, но на местото на убиството пронашле траги од мечка.
Девојчето во нападот на мечката во центарот на селото Јодва во руската република Кома се здобила со застрашувачки повреди на вратот, лицето и главата. Нејзиното измасакрирано тело го пронашле локалните тинејџери, кои не ја препознаа, како и нејзиниот татко Сергеј Чернигов кој тргнал во потрага по ќерката која отишла до продавница по сок и чоколадо, но не се вратила, пишува Мирор.
Отворена криминална истрага
ПОради овој настан отворена е криминална истрага, за да се утврди дали локалните официјални лица презеле се што било непоребно за да се одвратата дивите животни од селото, а кое се наоѓа на оддалеченост поголема од 230 километри од регионалниот главен град. Волците и мечките со години доаѓаат во селото, а во зима ги јадат и локалните кучиња.
Се очекува по овој настан ловците да добијат одобрение за убивање на локалните мечки. Убиеното девојче Соња за две недели требаше да наполни 15 години.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море