Свет
27. September 2017 - 21:37

Русија заврши со уништување на хемиското оружје

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјавии дека се уништени последните парчиња хемиско оружје, кои Русија ги наследи од периодот на Студената војна.

- Последните резерви хемиско оружје во рускиот арсенал, денеска ќе бидат уништени, истакна Путин. Тој го оквалификува тоа како „историски настан“, дополнувајќи дека уништувањето на оружјето претставува чекор кон порамноправен, посигурен свет.

Сепак, Путин ја искористи можноста да ги критикува САД, кои според него, не прават доволно за да ги исполнат своите обврски во однос на уништувањето на хемиското оружје.