Русија забрани странски летови поради коронавирусот
Русија од утре забранува „редовни и чартер летови“ од Русија кон други земји и обратно, како дел од напорите да се спречи ширењето на коронавирусот. Забраната стапува во сила денеска на полноќ по московско време, со исклучок на летовите кои ги враќаат Русите од странство во татковината, согласно указот објавен на веб-страницата на премиерот Михаил Мишустин. Русија пријави повеќе од 650 случаи на инфицирани со новиот коронавирус, претежно во престолнината Москва, град со над 12 милиони жители.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно неделава го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека вистинскиот број на случаи можно е да е „значително поголем“ отколку што е соопштено.
Во телевизиското обраќање до нацијата, Путин ги советуваше Русите да останат дома и рече дека на работниците треба да им се дозволи да останат дома од понеделник до петок следната недела и оти тие денови ќе им бидат платени.
Русија воведе и строги мерки за карантин за секој што влегува во земјата од странство и за секој што е можно да бил изложен на лица заразени со вирусот. Владата одлучи да не воведува карантин како оној во Кина и некои европски земји.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација