Свет
2. February 2017 - 8:39

Русија упати протест до Украина

Министерството за одбрана на Русија упати протест до украинскиот воен аташе поради опасниот лет Ан-26 над две руски нафтени платформи.

Во соопштението е наведено дека поради настанатата ситуација Министерството за одбрана го повикало воениот аташе на амбасадата на Украина и му врачило протестна нота.

- На украинскиот воен аташе му е врачен протест на Министерството за одбрана на Русија во врска со акцијата на украинската страна, во текот на која украински авион Ан-26 на 1 јануари од 11:30 до 12 часот извршил два опасни прелетувања над руските платформи „Таврида“ и „Крим-1“ на мошне мала висина, што создало закана за безбедноста на нивниот персонал и опрема, изјави официјалниот претставник на Министерството за одбрана Игор Конашенков.