Loading Video...
Свет
28. January 2022 - 16:33

Русија тврди дека не подготвува напад на Украина, САД велат дека сликата на терен го покажува спротивното

Русија не сака да почне војна со Украина, но нема да дозволи Западот да ги игнорира нејзните безбедноси интереси. Вака одговори највисокиот руски дипломат на предупредувањето од американскиот претседател дека постои можност Русија да ја нападне Укрина следниот месец.

-Ако е до Русија – војна нема да има. Меѓутоа, Русија нема да дозволи Западот на најгруб начин да ги игнорира нашите интереси. Преговорите по прашањето за безбедносните гаранции со САД и НАТО не се завршени.

Конкретно Русија бара Украина никогаш да не стане членка на НАТО, и повлекување на војските и опремата на алијансата од делови на Европа, барања кои се неприфатливи за САД и НАТО. САД во пишаниот документ до Русија навел области каде се можни дискусии, нудејќи пат за смирување на тензиите.

Фокусот сега е повторно на Путин. Се чека неговиот одговор. И покрај уверувањата на Москва дека не планира воени дејствија во Украина, ситуацијата на терен зборува поинаку истакна американскиот амбсадор во Москва Џон Саливан на денешниот онлајн прес брифинг во кој учестуваше и Сител.

Русија премести над 120.000 војници опремени со се, од тенкови и топови до муниција и воздухопловни сили на границата и доколку влезат во Украина, економските санкции ќе бидат само еден дел од жестокиот одговор на Западот. 

-Другите мерки ќе вклучуваат контрола на извозот и понатамошно зголемување на одбранбениот капацитет на нашите сојузници и партнери во Европа и ќе спречат да работи гасоводот Сверен тек 2 од Русија до Германија истакна Саливан.

Нова рунда санкции на САД против Русија, според шефот на руската дипломатија најверојатно ќе доведе до прекин на односите меѓу двете.