-->
-->
Русија тестираше нова интерконтинентална балистичка ракета
-->
Руската војска соопшти денеска дека успешно ја тестирала својата најнова интерконтинентална ракета.
Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека ракетата била лансирана од Плесетска во северозападна Русија и дека биле тестирани перформансите на ракетата Сармат во раната фаза од летот.
Ракетата Сармат треба да ја замени ракетата Војевода од советско производство, која на Западот му била позната под името „Сотона“.
Рускиот претседател Владимир Путин рече на почетокот на месецот дека тежината на ракетата Сармат е 200 метрички тона и дека таа има поголем дострел од Сотона, што и овозможува да го прелета Северниот или Јужниот пол и да погоди мета каде било во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците