Русија силно ќе одговори на одлуката за протерување пемтина руски дипломати од Молдавија
Одлуката на молдависката Влада да протера петмина руски дипломати од земјата е насочена против политиката на претседателот Игор Додон, изјави заменик-рускиот министер за надворешни работи, Григориј Карасин и додаде дека Русија адекватно и силно ќе одговори.
- Сметаме дека ова е насочено против политиката за подобрувае на односите меѓу Русија и Молдавија, која ја спроведува претседателот Игор Додон, изјави Карасин, јави ТАСС.
Претседателот на Молдавија Игор Додон ја осуди одлуката на молдависката Влада да прогласи петминат руски дипломати за персона нон грата во земјата.
- Огорчен сум од непријателскиот потег на претставниците на молдависката дипломатија и категорички ги осудувам, изјави тој за ТАСС.
Додон рече дека оваа одлука е во спротивност со неговата желба да ги обнови односите со Русија.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека ситуацијата околу протерувањето на руските дипломати од Молдавија е парадоксална, но индикативна.
- Јасно е дека тоа нема никаква врска со активностите на руските дипломати, но го илустрира развојот на ситуацијата во Молдавија, нагласи Захарова.
Молдависките власти протераа петмина членови на руската Амбасада во Молдавија, изјави денеска рускиот амбасадор во Кишињев, Фарит Мухаметшин.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син
-
САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии
-
Акциска контрола на угостителски објекти, приведен 29-годишник, пронајдена е дрога
-
Претставничкиот дом на САД одобри продолжување на воената помош за Украина
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”