Свет
1. February 2023 - 9:08

Русија планира ескалација во Украина, тврди секретарот на Украинскиот Совет за национална безбедност

Русија планира ескалација во Украина, што би можела да се случи и во следните две до три недели, изјави Олексеј Данилов, секретар на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.

Данилов во интервју за „Скај њуз“ вели дека најтешките борби допрва претстојат, и дека следните неколку месеци ќе бидат клучни.

Тој ги повика западните сојузници да испратат повеќе оружје, вклучително и британскиот „Тајфун“ и борбени авиони од други партнери.

„Русија се подготвува за максимална ескалација“, рече Данилов, не исклучувајќи ја можноста рускиот претседател Владимир Путин да се обиде со друг напад од север, југ и исток, како што се случи на почетокот на нападот врз Украина на 24 февруари минатата година, можеби дури и како што рече, тоа да се совпадне со годишнината од почетокот на руската воена операција.