Балкан
2. December 2015 - 13:00

Русија ќе ги запре сите заеднички проекти со Црна Гора, доколку земјата влезе во НАТО

Русија ќе ги запре сите заеднички проекти со Црна Гора, доколку земјата се приклучи кон НАТО, изјави претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност при Советот на федерацијата Виктор Озеров.

Тој посочи дека може да бидат прекинати проектите во воената сфера.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО и испратија покана денеска на Црна Гора да стане 29-та членка на Алијансата.