Свет
6. January 2017 - 11:42

Русија го намалува военото присуство во Сирија

Руското Министерство за одбрана почнува да го намалува своето воено присуство во Сирија, а носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“ прв ќе го напушти конфликтното подрачје, изјави началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валери Герасимов.

- Согласно декретот на рускиот претседател Владимир Путин, Министерството за одбрана почнува да го намалува своето присуство во Сирија, истакна Герасимов.

Тој додаде дека воените бродови на Северната флота, предводени од носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“, први ќе ја напуштат Сирија.