Русија бара Иран да продолжи со соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е заинтересирана Иран да продолжи да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), и покрај гласањето на иранскиот парламент за прекин на таа соработка.
Гласањето доаѓа по воздушните напади на САД и Израел врз ирански нуклеарни постројки, наводно за да се спречи Техеран да се здобие со нуклеарно оружје – обвинување кое Иран постојано го негира.
Лавров истакна дека одлуката на парламентот има советодавен карактер, бидејќи не поседува извршна власт, и дека одлуката за соработка останува во рацете на врховниот лидер на Иран.
-Заинтересирани сме сите да го почитуваат Врховниот лидер на Иран, кој постојано повторува дека Иран нема и нема да има планови за создавање нуклеарно оружје. За ова прашање постои посебна фатва, религиозен документ кој има највисок авторитет во Исламската Република, додаде Лавров.
Ново на Сител
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година