Фудбал
4. May 2016 - 11:44

Румениге: Голот на Атлетико е од офсајд?

Директорот на Баерн, Карл Хајнц Румениге изјави дека неговиот клуб е оштетен бидејќи Атлетико израмнувачкиот погодок го постигнал од офсајд позиција. Славниот германски ас му најде замерка на главниот судија Чакир и за досудениот пенал за гостите бидејќи според него фаулот бил надвор до казнениот простор. 

Според него судијата бил заморен бидејќи во 7 дена судел два тешки меча и тешко е да се концентрира на случувањата на теренот. 
Вечерва во Мадрид се игра вториот полуфинален реванш меч во кој Реал и Манчестер Сити стартуваат со резултат 0-0. 
https://