Македонија
13. March 2022 - 14:52

Рудик: Забраната за летови над Украина ќе ја сопре руската инвазија

 Интензивирање на поддршката на Украина во одбрана на својата посебност, идентитет, суверенитет и територијален интегритет, во продолжение на солидарноста со украинската заедница во земјава и Декларацијата во Собранието усвоена на предлог на ЛДП, најави денеска лидерот на ЛДП Горан Милевски на прес – конфернецијата која ја организираа заедно со Кира Рудик, пратеничка во украинската Врховна Рада (Парламент).

Украинската пратеничка која е и лидер на партија „Голос“ (Глас), смета дека руско – украинскиот конфликт не е локален туку носи глобални ризици и затоа, вели, апелираат за помош за воведување забрана за летови над Украина, со цел, како што посочи, да ја запрат руската инвазија и спречат хуманитарната катастрофа и страдањето на населението.

Според неа, важно е конфликтот кој влезе во 18 ден, што поскоро да заврши. Украинските сили кои одолеваат во борбените дејствија на земја, имаат потреба од помош за да се спротивстават на руската воздушна надмоќност и нивните воздушни напади кои се вели насочени кон големите градови. Рудик додава дека во моментов Киев е под воздушни напади и се подготвуваат со обезбедување залихи во очекување да бидат град под воена опсада.

-Благодарни сме на поддршката која ја добвиваме од сите сојузници, но ако насвистина сакате да и помогнете на Украина е зона за забранети летови како би престанало бомбардирањето на нашите градови, вели Рудик.

Запрашана за изјавата на претседателот на САД Џо Бајден дека воено нема да интервенираат ниту да се вмешуваат во руско – украинскиот конфликт и од друга страна изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека кој било што ќе се замеша од земјите со испраќање воени авиони ќе се смета за директен напад врз Русија, со оглед дека во моментов не добиваат воена помош од други држави и постојат само економски санкции кон  Русија, Рудик вели нивен план е одбрана на земјата.

– Нашиот план е јасен, ние одговараме на воениот напад на Путин, но доколку Украина падне, следна е Полска и тоа Путин јасно го кажа и затоа сакам на НАТО да му упатам прашање кој е вашиот план како вие ќе одговорите на евентуален напад од Путин, на евентуална нова војна во централна Европа. Дали кога вие ќе бидеме нападнати дали ќе дозволите земја во централна Европа да падне, дали ќе гледате само како ќе се создадат нови три милиони бегалци. Јас го знам мојот план, мојот план е одбрана на нашата земја, а НАТО треба да каже кој е неговиот план, прашува Рудик која е присутна со свои изјави на сите светски медиуми за случувањата во Украина.

Според неа, на истокот во Украина во моментов веќе се случува хуманитарна катастрофа и тоа во Мариупол, Виновавка, Хардив, каде ситуацијата е вели катастрофална, а смета дека има можности тоа да се случува и во други делови на Украина.