РСБСП: Пешаците се активни учесници во сообраќајот кои треба да ги почитуваат сообраќајните правила
Пешаците како учесници во сообраќајот се најмалку казнувани и контролирани, а статистиките покажуваат дека годинава, заклучно со септември, повредени се 626 пешаци, а загинати 17 пешаци. Во 2017 година биле повредени 914 пешаци, а 34 загинале од кои 17 пешаци биле на возраст 65-годишна возраст.
Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата наведуваат дека искуствата покажуваат оти голем дел од пешаците не се свесни дека и тие се активни учесници во сообраќајот, улицата ја преминуваат надвор од пешачките премини, најчесто таму каде што ним најмногу им одговара, каде што им е најкраток патот, го претрчуваат коловозот, прескокнуваат жардиниери и огради, претрчуваат на црвен пешаки семафор.
За некои пешаци, како што велат оттаму, пешачкиот премин е модна писта, за некои место за добар разговор ако случајно се сретне стар познаник, За некои, движењето помеѓу возилата и помеѓу двете коловозни ленти претставува обична рутина со која вешто се справуваат.
Пешаците најчесто страдаат во сообраќајни незгоди во услови на намалена видливост (магла), во раните утрински и во доцните вечерни часови, на неосветлени коловози или на неосветлени пешачки премини.
Анализите покажуваат дека бројот на пешаци кои страдаат во сообраќајни незгоди случени токму на пешачки премин е многу голем.
РСБСП апелира до возачите дека нивна обврска е секогаш да се движат со особено внимание кога се приближуваат кон пешачки премин, да ја намалат брзината, да застанат и да ги пропуштат пешаците на пешачкиот премин, но, како што велат, тоа никако не значи дека пешаците имаат апсолутно право први да ја преминат улицата. Напротив, тие се должни да ја преминат улицата, откако ќе се уверат дека тоа може да го направат без да го загрозат својот живот, но и безбедноста и животот на возачите кои им доаѓаат во пресрет.
Според нив загрижува фактот што околу 25 отсто од вкупниот број жртви во сообраќајни незгоди се пешаци.
Заемното непочитување на ова правило, е причина број еден за сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаците.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.