Ф1
9. October 2016 - 9:21

Розберг победи во Јапонија пред Верстапен и Хамилтон

Во интересна трка во која свои прсти замеша и пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен првото место на Сузука заслужено со 5 секунди предност му припадна на Нико Розберг кој сега во генералниот пласман води со 33 бода предност пред бранителот на титулата Луис Хамилтон. 

Верстапен кој неколку пати ги блокираше обидите на Хамилтон да го претекне го освои второто место додека Британецот на крајот мораше да се задоволи со 3. место. 
Со овој пласман Мерцедес по третпат во серија го освои првото место кај конструкторите откако Ферари не успеа да се искачи на подиумот. Фетел го освои 4. а Раиконен 5. место.