Фудбал
27. May 2018 - 10:24

Роналдо заминува од Реал !?

Кристијано Роналдо ја шокираше фудбалска јавност со изјава неколку минути по завршувањето на финалето во Лигата на Шампионите.
 
- Беше прекрасно да играм во Реал Мадрид. По неколку дена ќе кажам нешто, ќе дадам одговор на навивачите, кои секогаш беа со мене, изјави Роналдо за „Беин Спорт“.
 
Португалецот додаде дека нема сомнежи за своето решение.
 
- Уживам во моментот, иднината сега не е толку важна. Немам сомнежи, сега не е важно. Потоа ќе се одморам и ќе одам на камп со националниот тим, изјави Роналдо.