Фудбал
15. November 2021 - 14:34

Роналдо за поразот од Србија: Без оправдување, но Португалија ќе оди во Катар

 Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо го коментираше поразот од Србија (1:2) во мечот од 10. коло на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2022 година.

– Фудбалот постојано ни покажува дека понекогаш најтешките патеки водат до најпосакуваните резултати. Вчерашниот пораз беше тежок, но не доволен да не одведе на погрешен пат. Нашата цел е да стигнеме до Светското првенство и знаеме што треба да направиме за ова. Нема оправдувања. Португалија ќе оди во Катар, порачува Роналдо.

Португалија заврши на второто место во групата во квалификациите и ќе игра во баражот за  Светското првенство во Катар.

Србија како првопласирана обезбеди директно учество на Мундијалот 2022.