Фудбал
29. March 2019 - 8:49

Роналдо веројатно ќе го пропушти првиот дуел со Ајакс во ЛШ

Кристијано Роналдо би можел да го пропушти првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Ајакс, вели „Газета дел спорт“.

Напаѓачот на Јувентус има мускулна повреда во бедрото, што ја доби на натпреварот за националниот тим на Португалија против Србија.

Триесет и четири-годишниот Роналдо вчера помина последователен медицински преглед, кој покажал дека враќањето на теренот може да се одложи.

Според првичните информации, Португалецот ќе бидат аут од теренот за две недели и ќе пропушти три натпревари – против Емполи, Каљари и Милан.