Живот
11. јуни 2017 - 11:17

Роналдо повторно стана татко: Ова се имињата на слатките близначиња

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо стана татко на близнаци од сурогат мајка, објавија вчера португалските медиуми.

Матео и Ева се имињата на близнаците на Роналдо, а фудбалерот стана татко во четвртокот, сепак оваа информација уште не е потрврдена од самиот играч, пишуваат тамошните медиуми.

Ова не е прво дете за Роналдо, кој во јуни 2010 година го доби своето прво дете Кристијано јуниор исто така од сурогат мајка.

Триесет и две годишниот фудбалер иако во моментов е со својата девојка Георгина Родригез, сепак тој се одлучи за деца од сурогат мајка.