Фудбал
20. October 2018 - 21:51

Роналдо даде гол и испиша историја: Јувентус за првпат оваа сезона не успеа да победи во Серија А

Фудбалерите на Јувентус и Џенова денеска играа во Торино нерешено 1:1 во деветтото коло од Серија А.

Кристијано Роналдо со својот петти гол оваа сезона му донесе предност на Јувентус во 18 минута.

Бод на Џенова во 67. минута и донесе Даниел Беса.

Јувентус првпат оваа сезона не победи во италијанското првенство, но со 25 бодови и натаму е прв.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо, го одбележа својот дуел со Џенова, и тоа со својот петти гол за Јувентус кој е негов 400-ти ако се земат во предвид најсилните лиги во кои играл.

Џенова има 13 бодови и зазема 11. место.