Македонија
9. September 2018 - 16:18

Рон Џонсон - специјален советник на Трамп - граѓаните да излезат и сами да одлучат на референдумот

И американскиот сенатор Рон Џонсон, ги повика македонските граѓани да излезат на референдумот на 30 септември. Без разлика дали го поддржувате или не, договорот со Грција е единствениот пат до полноправно членство во НАТО, изјави Џонсон, по средбата со премиерот Заев.

Пред Скопје, Џонсон ја посети и Атина, каде вели дека исто како и во Македонија, увидел големо спротивставување на Договорот.

Сенаторот Џонсон е еден од најблиските соработници за специјални мисии на американскиот претседател Трамп. Минатиот месец тој во Сенатот предложи и резолуција за поддршка на Договорот од Преспа, во која стои дека ако биде ратификуван, Договорот ќе и го отвори патот на Република Северна Македонија да се приклучи во НАТО и ЕУ, ќе ја отстрани ранливоста на регионот и ќе ги намали можностите за руско мешање.

По Грција и Македонија, Џонсон ќе ги посети и Србија и Косово.

Деспина Тодоровска Сител ТВ