Македонија
18. February 2016 - 11:28

Романот „Тајната во нивните очи“ на Едуардо Сачери во издание на „Македоника литера“

Романот „Тајната во нивните очи“ на аргентинскиот писател Едуардо Сачери, според кој е снимен истоимен филм и кој во 2010 година доби оскар за најдобар странски филм, наскоро во издание на Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје.

- Овој трилер, виртуозно раскажан од Сачери, го прикажува долгогодишното разрешување на еден грозен чин од времето на турбулентната и крвава политичка ситуација во Аргентина во 70-тите години на минатиот век, се наведува во соопштението на „Македоника литера“.

Магазинот „Њујоркер“ за романот пишува дека е „интригантен и возбудлив трилер од Аргентина, кој ги пробива границите на државата и на континентот, и добива светско признание. Истовремено криминална приказна и приказна за една неостварена љубов.“

Романот е преведен на многу јазици, меѓу кои и на англиски, португалски, италијански, француски, германски, кинески, полски, унгарски, бугарски и српски јазик