Македонија
17. October 2017 - 10:19

Романот „Мемоарите на една млечка“ oд Миневски објавен на бугарски јазик

Романот „Мемоарите на една млечка“ од Блаже Миневски е објавен од издавачката куќа „Изида“ од Софија.

Преводот од македонски на бугарски јазик е на писателот Мариан Петров, а уредник на изданието во едицијата современ европски роман е Тања Попова.

Во мемоарите на глуварчето се бележат приказни од разни времиња – за комитите, за падот на социјализмот и за градењето на дивиот, примитивен капитализам по балкански…Приказни за несреќи кои ги носат ветровите што дуваат како ќе им текне, пишува меѓу другото во текстот за бугарското издание на „Мемоарите на една млечка“. 

Освен на бугарски јазик, романи на Миневски се објавени и на италијански, англиски, ерменски, кинески, словенечки, српски и арапски јазик.