Македонија
24. December 2017 - 20:21

Романот „Есторил“ објавен на македонски јазик

- Романот „Есторил“ од српскиот писател Дејан Тиаго Станковиќ е објавена на македонски јазик во издание на издавачката куќа „Слово“.

Во романот се раскажува за настани од Втората светска војна, а главен лик е хотелот „Есторил“ близу Лисабон во кој засолниште од војната наоѓале бројни авантуристи, дипломати, бивши кралеви, шпиони и разузнавачи, меѓу кои и Душан Попов, историски автентичен германско-британски агент, кој му послужил како инспирација на Јан Флеминг за ликот на Џејмс Бонд. 

Ова е второ дело на Станковиќ објавено на македонски јазик по книгата раскази „Од каде што бев веќе не сум“.