Македонија
13. March 2017 - 9:03

Романот „Дваесет и првиот“ преведен на бугарски јазик

Издавачката куќа „Персеј“ од Софија го објави на бугарски јазик романот „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли преведен од Маријан Петров. 

Овој софиски издавач, основан во 2004 година, е фокусиран на објавување современи скандинавски, руски и бугарски автори, како и на дела од светската класика, а во последно време е заинтересиран и за дела од македонски автори. Преводот е овозможен од Министерството за култура на Македонија преку фондот за поддршка на преводи во странство. 

„Дваесет и првиот“ досега е објавен во Хрватска, Црна Гора, Србија, Русија, Египет и има интернационално издание на англиски јазик за меѓународниот 12. Саем на книгата во Солун во 2015 година.