Роман Абрамович се разведел од третата сопруга
Рускиот олигарх Роман Абрамович, сопственик на англискиот фудбалски клуб „Челзи“ се разведе од својата трета сопруга, Даша Жукова, јавува њујоршкиот весник „Њујорк Пост“.
Во заедничка изјава, пласирана на страниците на овој весник, се вели дека по десет години заедничко живеење донеле „тешка одлука“ да се разделат, но дека и натаму ќе останат блиски пријатели, родители и партнери во заедничките проекти.
- Заеднички ќе работиме како коосновачи на музејот за современа уметност „Гараж“ во Москва, како и во Културниот центар „Островот Нова Холандија“ во Сент Петерсбург- се вели во заедничкото соопштение.
Абрамович и Жукова, која е 15 години помлада, се запознале во 2005 година, додека тој беше во брак, а пред нешто повеке од девет години тајно се венчале.
Се веруваше дека Жукова е девојка на Абрамович се додека во 2015 година, таа во едно интервју не откри дека тие двајцата, всушност, се маж и жена. Имаат две деца- син и ќерка.
Роман Абрамович првпат се оженил во 1987 година и во брак останал три години. Со втората сопруга Ирена Вјечеславова, остана во брак до 2007 година, кога се разведе поради својата врска со Даша.
На својата втора сопруга, за разводот Абрамович и има исплатено отпремнина од безмалку 200 милиони долари.
Жукова беше богата и пред бракот со Абрамович како ќерка на руски магнат за нафта. Таа важи за независна жена и експерт за современа уметност.
За неа медиумите пишуваат дека има успеано- еден олигарх- вљубеник во фудбалот, да го претвори во колекционер и вљубеник во современата уметност.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација