-->
-->
Рома убедлива на гостувањето кај Беневенто
-->

Екипата на Рома ја оправда улогата на фаворит во дуелот против дебитантот во Серија А, тимот на Беневенто со победата од 4:0.
Во натпреварот од 5.коло на италијанското првенство Рома до победата стигна благодарение на двата гола на босанскиот репрезентативец Един Џеко (20 и 52.минута), како и двата авто-гола на домашните фудбалери Лучиони и Венути (35 и 74).
Сега Рома има девет бода од четири натпревари, а Беневенто остана закован за дното на табелата без ниту еден освоен бод и гол-разлика 1 постигнат и дури 14 примени голови.
Вечерва се играат преостанатите осум меча, од кои ги издвојуваме дуелите меѓу шампионот Јувентус и Фиорентина, како и средбата во Рим каде Лацио го пречекува Наполи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
-

Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
