Фудбал
15. October 2016 - 17:25

Рома славеше кај Наполи со 3-1

 
 
 
 
Во воведниот натпревар од 8.коло на Серија А, екипата на Рома како гостин го победи Наполи со 3:1
 
Два гола за гостите постигна босанскиот репрезентативец Един Џеко (43 и 54 минута), а во листата на стрелците се запиша и Салах (86). Почесниот гол за Наполи го постигна Кулибали (58).
 
Со оваа победа и новите три бодови Рома го презеде второто место на табелата од Наполи кој сега има два бода помалку, додека “римската волчица“ е на -2 бода во однос на актуелниот шампионот и лидер Јувентус кој има 18 бодови но и средба помалку.