Фудбал
30. May 2017 - 10:13

Рома го отпушти Спалети

 
Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома денес и официјално потврди дека Лучијано Спалети повеќе нема да седи на тренерското место на овој клуб.
 
И покрај тоа што Спалети успеа да го освои 2.место во Серија А и да обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите, раководството на Рома му врачи отказ, бидејќи клубот остана без ниту еден трофеј и покрај големите амбиции пред почетокот на сезоната.
 
-Му изразуваме голема благодарност на Спалети за вложениот труд и постигнатите резултати. Под негово водство Рома постигна најмногу голови во својата историја и освои најмногу бодови. Му посакуваме успех во понатамошната работа, стои во соопштението од Рома.
 
Спалети покрај сезоната 2016/17, во римскиот клуб работеше и во периодот од 2005 до 2009 година.
 
Се очекува раководството наскоро да го објави името на новиот тренер.